Газдата на Фенербахче го презема Вардар?

од Vladimir Zorba
263 прегледи

АЛИ КОЧ, милијардер и шеф на Фенербахче, планира да го преземе македонски Вардар. Турските медиуми јавуваат дека Коч веќе оставрил контакт и понудил неколку модели на соработка.

За почеток, Вардар би станал филијала на познатиот турски клуб, кој би испраќал помлади фудбалери во Македонија и оние кои би имале помалку минутажа во Истанбул. Главната причина за ваквиот потег е фактот што Фудбалскиот сојуз на Турција не донесе одлука за воспоставување лига за резервни екипи, па Фенербахче не знае што да прави со вишокот играчи.

Според Турците, Коч би можел да го купи и Вардар, клуб кој наиде на големи финансиски проблеми и кој испадна во втората лига минатата сезона.

Вардар 11 пати беше шампион на Македонија, а пред четири години играше во групата во Лига Европа, откако во квалификациите го совлада Фенербахче со 4:1. Клубот од Скопје беше и шампион на Југославија во 1987 година, но судот последователно ја одзеде таа титула и го прогласи Партизан за шампион, кој влезе во таа сезона со негатива од шест поени поради аферата за местење натпревари.

Судот ја поништи одлуката за одземање на бодовите, па Партизан беше прогласен за шампион, иако Вардар ја претставуваше Југославија во Европа како шампион.

Слични содржини