На работодавачите  кои ја затаија државната помош и не ги исплатија парите на работниците Владата им дава шанса до денеска да им ги исплатат парите на своите вработени.

Генералниот секретаријат реши да им остави простор на газдите до денеска да избегнат кривична одговорност.

„Во понеделник ќе ја доставиме листата до Основното јавно обвинителство за фирмите кои според ажурираниот список на УЈП до утре нема да исплатат плата на вработените, а на кој им била исплатена финансиска помош. За оние кој извршија исплата во претходните денови нема да се бара кривична одговорност“, рече Драги Рашковски, Генерален секретар на Владата.

Последниот ажуриран список од УЈП се однесува на газдите кој заклучно со 4 август не ги исплатиле платите на вработените.

„Листата на фирми кои не исплатиле плата на своите вработени секојдневно се ажурира и истата се доставува до Генералниот секретаријат на Владата. Заклучно со плаќањата до 04.08.2020 година, за април не исплатиле плати 172 фирми, а за мај 241 фирми на кои им била исплатена финансиска помош, а не исплатиле плата на вработените“, наведуваат од УЈП.

Слични содржини