225
Рускиот производител на гас, компанијата „Газпром“, објави дека сè уште испорачува природен гас во Европа преку територијата на Украина, во согласност со барањата на европските потрошувачи.
Како што беше соопштено, испораките изнесуваат 97,2 милиони кубни метри гас, пренесе Ројтерс.
Обемот на испораките во претходниот ден изнесувал 71,7 милиони, се додава во соопштението на руската компанија.