Мадона доби признание од геј заедницата. Кралицата на попот ќе добие награда за комплетни достигнувања за време на церемонијата на доделување на 30-тите годишни медиумски награди на Алијансата против клеветење, пренесоа американските медиуми.
Наградата ќе ѝ биде врачена на Мадона поради постигнувањата за “забрзување на прифаќањето на заедницата на хомосексуалците, лезбејките, бисексуалците, транссексуалците и интерсексуалните”.
Мадона е втор добитник на наградата. Таа е првата жена што ќе ја добие. Наградата е признание за напорите на оние кои придонесуваат за промена на положбата на хомосексуалците, лезбејките, бисексуалците, транссексуалци и интерсексуалците.
Пејачката ќе ја прими наградата на церемонијата на Алијансата на 4 мај. Во принцип годишните медиумски награди на геј и лезбејската алијанса против клеветење се доделуваат на медиумите за фер, точно и сеопфатно претставување на прашањата поврзани со хомосексуалците, лезбејките, бисексуалците, транссексуалците и интерсексуалните лица.