Гејтс: Следната епидемија би можела да биде посмртоносна од коронавирусот

од Vladimir Zorba

Еден од најмоќните луѓе во светот и основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, повторно има мрачно предвидување. Овој пат тој предупредува дека следната епидемија би можела да биде посмртоносна од коронавирусот.

Како што рече, цената на пандемијата Ковид-19 е фрапантна, како во однос на изгубените човечки животи, така и во однос на економската активност. Но, Гејтс верува дека човештвото имало среќа што вирусот не бил поразорен.

„Морам да кажам, со оглед на бројот на жртвите на оваа пандемија, 20 милиони мртви ширум светот, еден милион во Соединетите држави и можеше да биде многу пофатално. Имавме среќа што стапката на смртност беше околу 0,2%,“ изјави Гејтс за Тајмс за време на самитот TIME 100 во Њујорк во вторникот.

Официјалниот број на смртни случаи од коронавирус на глобално ниво е околу 6,3 милиони, експертите проценуваат дека реалниот број на смртни случаи е многу поголем.

Гејтс предупреди дека не треба да се смета на слична среќа за време на следната глобална пандемија.

„Ако се појави друг вирус со слична вирулентност, но со многу повисока стапка на смртност – да речеме, 5% – тоа би можело да биде крај на цивилизацијата“, изјави Гејтс за Time.

„Шансите за нова пандемија во следните 20 години се повеќе од 50 проценти“, додаде тој.

Гејтс, исто така, рече дека најмалку една милијарда долари треба да се распределат ширум светот како дел од превентивните мерки и подготовките за следната пандемија. Основачот на Мајкрософт ги повика светските лидери да формираат глобален тим од неколку илјади експерти за заразни болести.

„Со нивните усогласени ставови, тие можат да му помогнат на човештвото побезболно и полесно да ги надмине разорните пандемии“, рече Гејтс.

Со таа организација,според него, треба да раководи Светската здравствена организација. Како што вели, една од главните улоги на здружените научници би била обврската да вршат вежби за појава на епидемија во одредени земји за да се провери колку се подготвени.

Слични содржини