Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ вети уште 250 милиони долари во четвртокот за поевтина и подостапна вакцина против Ковид-19.
Единствената најголема донација до денес доаѓа откако Гејтс веќе даде 70 милиони долари во ноември. Со најновата донација, фондацијата за борба против пандемијата донираше вкупно 1,75 милијарди долари.
„Дали светот ќе стане подобро место за живеење на сите луѓе зависи од тоа што ќе сторат светските лидери за да направат тестови, лекови и вакцини достапни за оние на кои им се потребни“, велат од фондацијата.
Парите ќе бидат искористени за доставување тестови и вакцини во неразвиените и умерено развиените земји, стои во соопштението.
Во вторникот, Велика Британија стана првата земја што започна да се вакцинира против Ковид-19, кога 90-годишникот ја примија вакцината на Фајзер и Бионтек.