Генчов: Заев нема да го напушти кормилото на Владата

од Nikola Popovski
330 прегледи

Политичкиот аналитичар Александар Генчов смета дека премиерот Зоран Заев нема да ја напушти премиерската функција.

-Оваа политичка епопеја треба да има своја завршница. Тоа го заслужуваме сите во државата. Сепак, сметам дека не можеме да тврдиме дека Заев од вечерва ќе го напушти кормилото на владата. Тоа е мое лично видување, вели Генчов во емисијата „Само вистина“.

Според него, главно прашање е дали тој што ќе биде понатака нов премиер, во каков формат ќе ги продолжи коалициските преговори и во каков формат ќе ја продолжи иднината на коалицијата.

Слични содржини