Генчовска: 77 бугарски и двајца македонски државјани се враќаат од Одеса со автобуси

од Nikola Popovski

Со два автобуса од Одеса за Бугарија патуваат 77 бугарски државјани, двајца од Северна Македонија и еден од САД. Ова е информација од денеска, изјави за БНР, бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска за евакуација на граѓани од критичното подрачје во Украина.

-Овие два автобуса се обезбедувани од полициска придружба, на која по секоја веројатност ќе се приклучат и 3 автомобили со бугарски државјани, како и автомобили на генералните конзулати на Турција и Молдавија. Поради сложеноста на ситуацијата во Киев, се уште чекаме можност за безбеден коридор за евакуација на државјаните од тој град, додаде таа.

Генчовска потенцира дека дипломатското претставништво на Бугарија во Киев е во постојан контакт со бугарските граѓани, кои постојано добиваат ажурирани информации и инструкции на лице место во случај на подготвеност како да се пристапи бидејќи во градот се уште трае полицискиот час.

-Евентуално утре очекуваме евакуација и на останатите бугарски државјани со автобуси од Киев, нагласи Генчовска.

Слични содржини