Генчовска: Советниците на Петков сакаат Македонија да ги почне преговорите со ЕУ

од Nikola Popovski
292 прегледи

Официјално нема две политики за Северна Македонија,иако такво е чувството, изјави бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска.

„Немаме несогласувања со премиерот, но на пониско ниво се работи на различни текстови, МНР не излегува од рамковната позиција, туку тоа го прават советниците на премиерот“, рече министерката, пренесува бугарски „Дневник“.

Официјално, Бугарија е на позицијата дека нема да дозволи Македонија да ги започне преговорите за членство во ЕУ додека не се прекине наводниот „говор на омраза против Бугарија и Бугарите, не се расчистат историските спорови и Бугарите не бидат вметнати во Уставот како малцинство“.

„Надворешнополитичкиот тим на премиерот се движи во насока да дозволи почеток на преговорите, заобиколувајќи ја оваа рамковна позиција. На нашите средби со претставниците на ЕУ, разговорот се движи во насока дека работите се речиси договорени и се работи за укинување на вето“, рекла министерката за надворешни работи на Бугарија.

Слични содржини