Генeрал Киров: Присуството на српски офицер од разузнавањето за време на освојувањето на Скопје не е изненадување, врските меѓу српските и македонските служби се тесни

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Присуството на српски офицер од разузнавањето за време на освојувањето на парламентот во Скопје не е изненадување. Врските меѓу српските и македонските специјални служби се многу тесни и тоа е сигурен канал за влијаење врз домашната ситуација во Македонија.

Ова го коментира во утринскиот блок “Добро утро, Бугарија” на бугарското радио “Фокус” генерал Кирчо Киров, поранешен шеф на бугарската Националната разузнавачка служба.
“Србија секогаш се стремеше да игра доминантната улога и за жал и до денес успева да ја задржи доминантната улога во надворешната политика на Македонија.

За жал и голем дел од политичките фигури, главно во лицето на најголемата партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Груевски, се исто просрпски ориентирани. Нема ништо изненадувачки во овој случај, тоа е факт.

Треба да се има предвид дека најверојатно тој е претставникот на српската агенција за разузнавање БИА во Македонија – Горан Живалиевиќ. За мене е поинтересен другиот факт, имено, дека неговата сопруга работи во Агенцијата за разузнавање на Македонија.

Ова е интересено за набљудување и следење на фактот кој покажува дека врските меѓу македонските и српските специјални служби се многу тесни “, објасни генерал. Кирчо Киров.
Тој рече дека НАТО освојува нови позиции на Балканот, каде спротивставувањето на Русија е највидливо.