Генерал Петровски: Не се исцрпени сите политички средства во односите САД – Иран

од Aleksandar Todeski
690 прегледи

Има повеќе дефицинии за војни. Едната, поинтересна е дека војната е продолжение на политиката со други средства. Јас дополнувам дека почетокот на војна е пораз на некоја политика. Тука не се исцрпени сите средства. Подобро е сто години да преговараш отколку еден ден да војуваш. Затоа ја поддржувам иницијативата да се изнајде начин за повторно да се преговара, вели Генерал Димче Петровски во емисијата Анализа на ТВ24.

„Во било кој судири, не можете да добиете точни одговори. Едната вели имаше жртви, другата немаше жртви. Сетоа тоа е дел од пропаганда, на кој каков му е интерес, така ќе каже. Факт е дека се истрелани ракети. Во нападите нема вистина. За било каква војна да почне, мора да има наталожени причини, а потоа се наоѓа причина да почне. Не треба да очекуваме, ниту пак ќе добиеме точни информации“, рече Петровски.

Според универзитетскиот професор Шптим Латифи, Иран сакал да излезе од ситуацијата помалку бламирано.

„Убиството на Генералот беше на 3 јануари од страна на американските сили во Ирак, не во Иран. Тоа убиство вусшност ја повлече границата до каде може Иран. Според многу експерти особено во САД, тоа беше неопходен чекор кој што Американците долго време го размислуваа“, рече Латифи.

Слични содржини