Генералниот извршен директор на Стопанска банка доби уште еден мандат

од Vladimir Zorba

Диомидис Николетопулос доби уште еден четиригодишен мандат како претседател на Управниот одбор и Генерален извршен директор на Стопанска банка АД Скопје.

“Гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија издаде согласност за повторно именување на Диомидис Николетопулос за Генерален извршен директор и Претседател на Управен одбор на Стопанска банка АД Скопје со мандат од четири години“, стои во информацијата објавена на Македонска берза.

Слични содржини