Генетиката е „виновна“ што едната од бабите повеќе ве сака

од Elena Daskalova

Ако сте имале среќа да растете со баби и дедовци, тогаш сигурно знаете колкава радост сте им биле вие нив во животот, но и тие за вас.

Секако дека ова се однесува и на двете баби и на двајцата дедовци, но не мора да бидете генијалци за да сфатите дека едната баба барем за еден процент ве сакала повеќе, односно покажувала поголема наклонетост, споредено со другата.

Веќе претпоставувате, се работи за бабата по мајка, случај во кој како по непишано правило, е поприврзана за внуците кои ги добила од својата ќерка.

Сепак, да го разгледаме целиот случај од научен аспект. Секој од нас има по 50% од гените на своите родители, односно 25% од гените на бабите и дедовците. Научниците тврдат дека секогаш постои посебна врска меѓу внуците и бабите по мајка, а тоа се објаснува со Х-хромозомот. Бабата по мајка пренесува 25% од нејзините Х-хромозоми, без разлика дали добива внук или внука. Од друга страна, бабата по татко пренесува само еден Х-хромозом на внуката, додека кај внукот овој пренос не постои.

Постои и еволуциска теорија, научно наречена „татковска неизвесност“, која потекнува уште од прачовештвото, односно мајката е секогаш сигурна дека го одгледува сопственото дете, додека таткото не е, од причина што не го раѓа сам. Иако одамна се искоренети овие племенски сфаќања, сепак, траги од нив остануваат и во модерното општество.

Оваа теорија ја развил чилеанскиот драмски писател Алехандро Јодоровски, кој тврди дека секогаш децата се поблиски и повеќе се сакаат со бабата и дедото по мајка.

Што вие мислите за ова?

Слични содржини