Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски се огласи заради третманот врз нашите фанови на трибините во Вараждин. Тој испрати протесна нота, потенцирајќи дека сите Македонци се дојдени со најпријателски и најспротски намери. Воедно упати и честитки до избраниците на Кирил Лазаров и победата над Гвинеја.
-Само еден влез во арена активен, жени и деца најгрубо претресувани од нервозни редари, во опасни предмети вклучени се и кармини, лабело, сјај за уста, полњач за телефон и сл, простор за пушење нема, а ако решите да излезете треба пак назад кај редарот на главен влез…
АМАН дојдовме во мир, најпријателски и најспортски, стои во ставот на Милошевски.
За разликата од првиот натпревар против Унгарија, хрватските редари синоќа одземаа знамиња со сонцето од Кутлеш како и што се најавуваше пред Мундијалот. На неколку пати имаше и тензични епизоди.
Претходно на РФМ ѝ беше изречена парична казна поради „недолично однесување на навивачите“ на натпреварот против репрезентацијата на Холандија. Исто така РФМ е предупредена дека идните натпревари на селекцијата ќе бидат затворени за гледачи доколку се повторат слични инциденти.
Во втората фаза игравме повторно во Вараждин. Против Австрија и Катар во вторник и четврток ќе ги играме од 15:30 часот, а со Франција в сабота ќе се соочиме од 20:30 часот.