Георгиески со семејството во изолација, неговите родители се позитивни на Ковид 19

од Берта Китинска

Константин Георгиески, градоначалникот на Општина Охрид информираше дека заедно со семејството ќе биде во  изолација, бидејќи неговите родители се позитивни на Ковид 19.

-И покрај почитувањето на сите мерки и препораки за превенција, моите родители имаат позитивен тест на Корона вирусот КОВИД-19. За среќа, за сега имаат лесна клиничка слика. Согласно утврдените здравствени протоколи јас и целото мое семејство во текот на наредниот период ќе бидеме во изолација. Упатувам апел до сите граѓани да бидат внимателни и максимално да ги почитуваат мерките за заштита, напиша  на својот Фејсбук Георгиески.

Слични содржини