Георгиески: Суштински ќе ристапиме кон сите препораки на УНЕСКО за Охрид

од desk2
134 прегледи

Без пардон ќе се срушат сите објекти кои нелегално биле изградени во заштитениот појас во Охрид, но општината нема капацитет сама да го направи тоа вели градоначалникот Константин Георгиески кој е сигурен дека такви се само десетина објекти и идниот период очекува голема поддршка и од Владата особено во делот со урбанистичкиот хаос. Ќе бидат санкционирани и останатите нелегални 1066 од регистарот за кои Георгиески уверува дека најголем дел се урбана опрема.Пред една недела бил распишан тендер за избор на фирма која ќе ги урива но кога конкретно ќе се случи тоа и понатаму останува непознато. Според сегашните информации во рушењето ќе бидат вклучени и други државни институции.

До 1 ви февруари 2020 е невозможно да се исполнат сите препораки и затоа УНЕСКО толерира, но ќе се исполнат најважните вели градоначалникот. На списокот приоритетни се колекторскиот систем и изработката на планот за урпавување со регионот.Според него најтежок ќе биде проблемот со депониите, односно најголемата кај локалитетот Буково.

Досега општината ги острани палмите, државата се откажа од проектите експресен пат до Св. Наум и ски центар на Галичица а утре на средба со граѓаните ќе го решава сообраќајниот хаос во централното градско подрачје.Но списокот е долг а екологистите и понатаму се скептични дека ќе има напредок во февруарскиот извештај. Тие стојат на ставот дека македонската влада во Баку ја жртвувала можноста да добие меѓународна помош за спас на Охридскиот УНЕСКО Регион.