Георгиев: Се нафатив да бидам претседател на Судскиот совет во едно сензитивно време

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Потребна е голема посветеност и лидерство за да се надминат проблемите и да не се дозволи натамошно нарушување на меѓучовечките односи. Се нафатив да бидам претседател во едно сензитивно време, кое не е само предизвик, туку и храброст, посочи претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев.

Тој во синоќешното интервју за „Трилинг“ испрати јасна порака до судиите и членовите на ова тело, доколку некој се обиде да врши влијание врз нив веднаш да го пријават тоа и се обврза дека ќе преземе соодветни мерки пред надлежните институции, а за тоа навремено ќе биде известена и јавноста.

„Судскиот совет е сложен систем на организација, во која мнозинството членови го сочинуваат судии, но има и претставници од редот на истакнати правници предложени од Собранието и од претседателот на државата. Избран сум на 4 мај и од тогаш наваму ја преземам одговорноста за законитоста во функционирањето на Судскиот совет“, рече Георгиев.

Очекува во наредните денови дека на дневен ред ќе се најде и изборот на заменик-претседател на Судскиот совет.

На прашањето дали Советот е претворен во експозитура на партиски, политички и бизнис интереси, Георгиев категорично одговори дека „нити имал, ниту дозволил влијанија, ниту пак, имал понуда за влијанија“.

Слични содржини