Георгиева: Повеќе од 90 земји бараат помош од ММФ

од Nikola Popovski
138 прегледи

Повеќе од 90 земји побарале итна финансиска помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) поради пандемијата со коронавирус што доведе до невидена економска криза, рече во петокот, лидерот на ММФ, Кристалина Георгиева.

„Никогаш во историјата на ММФ, не сме биле сведоци на застанување на светските економии“, рече Георгиева на онлајн-конференцијата за медиуми, заедно со Светската здравствена организација (СЗО).

Според неа, рецесијата е многу полоша од глобалната финансиска криза.

ММФ се фокусирал да гарантира дека има силен одговор на здравствената криза, како и да дејствува на закрепнување на економијата, нагласи Георгиева.

Таа изрази решеност да ја искористат „воената резерва“ од 1 трилион долари доколку е потребно како одговор на пандемијата.

Според Георгиева, најголема опасност е бранот банкрот и отпуштања, што ќе го отежне обновувањето на економијата.

Слични содржини