И оваа година граѓаните со ниски примања ќе добијат ваучер за летување кој за разлика од минатата година, оваа година изнесува 12.000 денари, а ќе можат да го користат семејства чии вкупни месечни примања не надминуваат 30.000 денари, изјави Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.
Таа потсети дека јавниот повик беше објавен на 8 јуни со краен рок за аплицирање 30 јуни. За една недела од објавување на јавниот повик во архивата на Министерството за економија се пристигнати над 2.600 апликации по што повикот е затворен.
„За реализација на оваа мерка од државниот буџет предвидени се 15 милиони денари или 2,5 милиони евра за вкупно 1.250 ваучери. Ова се пари кои ќе завршат кај домашните хотелиери, со што ќе се помогне нивната работа во време на постковид пандемија, а истовремено ќе им се помогне и илјадници семејства со ниски примања“, рече Георгиевска.