Георгиевска го праша Милошоски: Малку ли ви беше Славко Јаневски да го лустрирате и да го омаловажите Коста Рацин?

од Nikola Popovski
166 прегледи

Милошоски, кажете јасно и гласно да ве чуеме сите, како ќе го промените ставот на Република Бугарија во позитивна насока следните 20 години? Благонадежно, како претходните 20 години кога чествувавте контроверзни личности заедно во Бугарија и се надевавте дека во иднина тоа ќе биде уште почесто, запраша пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска, при реплика од собраниската говорница.

„Дали до недоглед, приоритет на нашата држава ќе биде занимавање со историја 1000 години наназад, онаа историја којашто безмислосно ја изместивте, баравте нов идентитет во античката историја, отидовте дури кај Хунзите да барате македонштина, а при тоа бегавте од АСНОМ и од НОБ. Дали можеби во фалеше време да лустрирате уште некој македонец, малку ли ви беше џуџето од Небрегово, малку ли ви беше Славко Јаневски да го лустрирате да го омаловажите Коста Рацин, тоа ли е македонштината, Милошоски?

Ниту договорот, ниту браните национален интерес, чиста шовинистичка партиска пропаганда, да се дојде на власт по секоја цена. Калкулантски пресметан театар за рушење на власта, ако треба и со жртви, кукавички, лажно манипулативно, срамно“, порача пратеничката Георгиевска.

Слични содржини