Георгиевска: Почетокот на преговорите со ЕУ како Македонци со македонски јазик е реализација на уште една стратешка цел

од Nikola Popovski

Мнозинството од пратениците во македонското Собрание донесе државничка одлука која гарантира европска иднина на државата. Истовремено, македонскиот јазик е заштитен со чиста формулација без фусноти и придавки и тој ќе биде рамноправен со останатите јазици на Европската унија. Ова е огромен успех на граѓаните, на актуелниот и поранешните пратенички состави со кој се реализира уште една стратешка определба поставена уште на денот на независноста а тоа е полноправно членство во ЕУ, изјави денеска на прес-конференција, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Таа наведе дека „за жал и при носењето на Заклучоците по однос на европскиот предлог за почеток на преговорите, целата јавност на дело го виде деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партнер проруската партија Левица“.

-Организираа насилни протести и крвави сценарија за да ја дестабилизираат државата. Откако им пропадна планот за дестабилизација на чинот на гласањето ја напуштија салата и не смогнаа храброст ниту да гласаат против за предлогот кој жестоко го критикуваа. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш застана на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните, ќе продолжиме со реализација на процесот на реформи кој е важен за нашата државата, рече Георгиевска на прес-конференција во седиштетото на партијата.

Слични содржини