Георгиевска: Сè што Мицкоски кажа за енергетиката, излезе погрешно

од Берта Китинска
156 прегледи

Сè што Мицкоски кажа за енергетиката, излезе погрешно, рече пратеничката на СДСМ, Марија Георгиевски на прес-конференција.

Вели дека Мицкоски со месеци ја плашешел јавноста со наводен недостиг на енергенси за домашниот енергетски сектор.

„Уште минатата година лажеше дека нема јаглен доволно во земјатава или поточно дека има уште за два дена. Оттогаш, поминаа точно 392 дена, јаглен има доволно а термоелектраните го зголемија производството за 25 отсто. Второ, Мицкоски велеше дека немаме доволно струја од домашно произвдоство. Сосема спротивно, АД ЕСМ произведува струја која во целост, 100 проценти ги покрива потребите за струја“, изјави Георгиевска.

Мицкоски со месеци, вели таа, повикуваше да се набави гас за целата грејна сезона, во период кога цените на овој енергенс рушеа рекорди. Доколку се набавеше гас во изминатите неколку месеци за целата грејна сезона, рече Георгиевска, ќе се платеа 100 милиони евра плус сметајќи по сегашната цена на берзите, а која и натаму паѓа.

„Одлуката на Владата, економските ресори и АД ЕСМ да не се набавува во тој период за цела сезона, даде резултат. Истовремено, со договорот за интерконекторот кој беше потпишан со Бугарија, ќе ни овозможи поголема понуда и поголема конкурентност во снабдувањето со гас од 1 јануари 2023година Ете колку нема познавање Мицкоски од енергетика, се што тој кажа и предвидуваше, на крајот излезе погрешно. Мицкоски уште еднаш покажа дека не се разбира во енергетика. Може и треба да учи од Ковачевски“, додаде Георгиевска.

Слични содржини