Георгиевска: Иницијативата за моја интерпелација е обид да се предизвика уставна криза

од Берта Китинска

Најавата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за моја интерпелација како претседателката на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата е ништо друго освен обид за прикривање на нивната вистинска намера а тоа е да се предизвика уставна криза во државата, изјави денеска пратеничката Марија Георгиевска од СДСМ.

-Јас како претседателката на Комисијата го известив претседателот на Собранието дека за двајца предложени кандидати за уставни судии телото веќе со мнозинство гласови има изгласано за двајца кандидати за уставни судии и дека истите можат да продолжат во понатамошна постапка.Во Комисијата се води дискусија или расправа за секого поединечно и исто така за секој предлог посебно се гласа.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со месеци намерно го одолговлекуваат изборот на уставните судии што е само доказ дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во ова Собрание го докажуваат тоа што постојано го прават, кочење, блокирање и поттикнување на било каква криза, кажа таа.

Слични содржини