Георгиевска: Верувам дека отворањето на бугарскиот клуб е спорадична провокација

од Nikola Popovski
287 прегледи

СДСМ и оваа провокација ја осудува бидејќи нашата земјата почива на херојството на нашите претци и на делата на македонската антифашистичка борба. Затоа наша обврска е институционално да најдеме решенија со кои ќе ги затвориме овие прашања, за кои сме свесни дека има незадоволство. Верувам дека ова се спорадични и поединечни случаи на провокација кои што се од некаков трет интерес, вели пратеничката на СДСМ, Марија Георгиевска за денешната зовриена атмосфера на отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Георгиевска смета дека постојат поединци и партии од двете страни на македонско-бугарската граница кои што тежнеат добрососедските односи да бидат нарушени и „конфликтот“ да биде вечен.

-Факт е дека во нашите закони има одредени недоречености во овој дел, за којшто се потребни законски измени. Правда веќе работи на предлог на закон кој ќе има одредени измени и преку проширена дебата ќе биде расчистено и прецизирано што се може и кој се може да регистрира здружение или невладини организации, рече пратеничката во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини