Георгиевски: Бугарија нека си донесе сопствен акт според кој македонскиот јазик постоел после 1945 година

од Nikola Popovski

„Дадов предлог Бугарија да си донесе сопствен акт, кој ќе каже, ние кога зборуваме за македонската нација и јазик мислиме за јазикот после 1945 година, а нашите историчари остануваат да мислат, како што мислат за македонската историја и јазик“, вели Љупчо Георгиевски за емисијата „24 анализа“.

Според него, тој сака Бугарија да ја прифати српската политика, кои што имаат ист проблем со црногорскиот народ и нација, босанскиот народ и нација, а па „ако сакате и македонскиот и хрватскиот“.

Георгиевски смета дека во минатото Македонците биле порасположени за Југославија и рече дека бил првиот што ја кажал додавката Северна Македонија.

Слични содржини