Георгиевски: Чувството е одлично да се израдува македонската јавност

од Stefanija Kuzmanovska
400 прегледи

„Чувството е одлично да се израдува македонската јавност. Во моментов сум под импресии и не можам да кажам ништо повеќе. Најважна беше првата борба, кога го скршив мразот против светскиот првак“, изјави Дејан Георгиевски, кој направи историски успех на Олимписки игри (ОИ) во Токио, каде што го освои сребрениот медал во таеквондо и тоа е најголем успех во македонскиот спорт од независноста.

Македонскиот олимписки комитет (МОК) му честиташе на Георгиевски за „најголемиот олимписки и спортски успех од независноста на македонската држава“ што го постигна со освоениот сребрен медал на Игрите во Токио.

– Дејан Георгиевски, новиот македонски херој е освојувач на сребрен олимписки медал од Олимписките игри Токио 2020. Честитки и за тренерот на Дејан, Борче Костовски, кој извонредно ја постави тактиката на Дејан за да стигне до финалето на Олимписките игри. Македонскиот народ мора да се гордее со Дејан, кој веруваме дека ќе има пречек каков што заслужува олимпискиот шампион, објави вечерва МОК на својот Фејсбук профил.

Во честитката МОК изрази надеж дека пред 22-годишниот Георгиевски сè уште многу светли моменти во кариерата

– Златното момче Македонче, ќе се подготвува за Олимписките игри во Париз 2024 и за уште многу други олимписки, светски и европски медали. Дејан, горди сме на тебе, горди сме што живееме во твојата Олимписка ера, истакна МОК во честитката до Георгиевски.

Слични содржини