Георгиевски: Дефинитивно денес СДСМ е помакедонска партија отколку ВМРО-ДПМНЕ

од Stefanija Kuzmanovska
360 прегледи

Денес ВМРО-ДПМНЕ е носител на србизирањето на македонскиот идентитет, а СДСМ, за да не изгуби дополнителен број на гласачи се обидува да не дава отпор на таа политика. Инаку, дефинитивно, денес за мене СДСМ е многу помакедонска партија отколку ВМРО-ДПМНЕ, изјави поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека работите се смениле од времето кога тој бил претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кога неговата партија била носител на идејата за самостојна и независна Македонија, истакнувајќи дека денес ситуацијата не е таква.

„ВМРО што го направивме ние во 90 година беше за самостојна и независна Македонија, а главен противник ѝ беше великосрпската политика. Денес кога го гледам ВМРО-ДПМНЕ како главен создавач на Македонија во српскиот свет, не можам да сфатам“, рече Георгиевски.

Слични содржини