Георгиевски: Пред бугарската фашистичка окупација имаше српска окупација, во која бевме вардарска бановина 

од Берта Китинска
598 прегледи

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски преку својот Фејсбук денеска прашува зошто никој не ја спомнува српската окупација на Македонија, откако деновиве е актуелна најавата на премиерот Зоран Заев дека ќе се брише зборот „бугарски“ пред „фашистички окупатор“ во македонските учебници.

„А еден да напишеше дека пред бугарската фашистичка окупација имаше 23 години српска окупација во Југославија занданата на народите, во која ние бевме вардарска бановина и јужносрбијанци!“, напиша Георгиевски.

Слични содржини