Георгиевски: Ве очекувам утре пред Триумфалната порта да го прославиме медалот (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Олимпиецот и носител на сребрен медела, Дејан Георгиевски утре се враќа од Токио. По тој повод, македонската таеквондо федерација организира пречек за македонскиот херој од 19.30 часот на скопскиот плоштад, додека ќе има пречек и на аеродромот во Скопје од 14.30 часот.

-Ви благодарам на сите за поддршката што ми ја дадовте. Ве повикувам утре заеднички да го прославиме овој голем медал на плоштадот Македонија пред Триумфалната порта. Ве очекувам во што поголем број. Со цело срце, за Македонија, вели Георгиевски во видео-записот објавен на социјалните мрежи.

Владата на Република Северна Македонија на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо Дејан Георгиевски да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000,00 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000,00 денари.

Освојувачот на сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000,00 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Ова е втор медал за Македонија на ЛОИ, по бронзата на борачот Могамед Ибрагимов на Игрите во Сиднеј во 2000 година.

Слични содржини