Ѓеоргијев: За разлика од претходниот бран, сега повеќе се заразуваат помлади пацинети

од Берта Китинска
212 прегледи

Од 40 -тина пацинети во модуларната болница, 35 се на кислородна поддршка, а има и тешки случаи, кажа директорот на штипската Клиничка болница, Ален  Ѓеоргијев додавајќи дека  доминираат невакцинирани пацинети и за разлика од претходниот бран, се’ поголем е бројот на помлади пацинети.

-Во однос на починатите пацинети во текот на август доминираат невакцинираните пацинети. Да ја искористам приликата да апелирам граѓаните да се вакцинираат. Се’ уште е рано, но после овој бран ќе може да ги видиме ефектите од вакцинацијата, за да можеме да правиме некои анализи во врска со заштита од вакцините. Но, до овој момент доминираат невакцинираните пацинети и со тешка клиничката слика. Отприлика 80-тина проценти  од починатите се невакцинирани, додека 20-тина проценти се вакцинирани. И во однос на лежечките пацинети, 25-6 проценти за вакцинирани, останатите се невакцинираи, изјави Ѓеоргиејев.

Слични содржини