Ми претставува особено задоволство што имав чест денес на 81 наш талентиран ученик да им доделам стипендии од Општина Центар за учебната 2021/2022 година, истакна градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.
Тој посочи дека талентот е доблест која треба да се поддржува и затоа овие ученици до крајот на учебната година ќе користат до 3000 денари секој месец, за нивно надградување и полесен образовен процес.
Оваа учебна година, 81 стипендист од областа на спортот, науката и културата, заедно со 8-те стипендии за ученици од семејства со висок социјален ризик, вкупно 89 деца од основните училишта ќе користат општински стипендии. Честитки на стипендистите, им посакувам многу успеси во иднина и се надевам дека со овој чекор ќе ги мотивираме дополнително во реализирањето на нивните цели и идеи, објави Герасимовски.