Герасимовски: Ги стопираме сите градежни дејствија на 8 парцели на Водно

од Берта Китинска

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека на денешната редовната 11-та седница на Совет на Општина Центар е донесена одлука да се стопираа сите градежни дејствија на 8 парцели на Водно!

-Станува збор за парцели меѓу кои и онаа на инвеститорот Маркеза ДООЕЛ, која до Општина Центар има поднесено барање за изградба на пристапен пат.По извештај на геодет од Општина Центар кој по излегување на терен утврдил дека нагибот на просторот каде треба да биде изведен пристапниот пат е далеку поголем од законски пропишаниот.Општината ги прекинува сите постапки за овој дел од планот.Ветив дека нема да отстапам од законските процедури и го почитувам тоа. Во овој дел нема да биде исечено ниту едно дрво, информира Герасимовски.

Слични содржини