Герасимовски и СДСМ ја прифатија поканата на „Шанса за Центар“: Ќе се разговара за приоритетите и развојните цели на општината

од Nikola Popovski
782 прегледи

Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата ја прифатија поканата на граѓанската иицијатива „Шанса за Центар“ за дебата околу приоритетите во следните четири години за општината.

„Како демократска партија сметаме дека секоја дебата е во интерес на подобри решенија за граѓаните и секогаш ја поддржуваме. На дебатата Герасимовски и претставниците од коалицијата ќе ги презентираат своите ставови во однос на клучните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на општина Центар“, велат од владеачката партија.

Граѓанската иницијатива Шанса за Центар ги повикува на јавна дебата политичките партии кои освоија места во Советот на општината на која би постигнале консензус околу приоритетите и развојните цели за Општина Центар. Имајќи ги предвид различните пристапи и концепти за развој на општината, Шанса за Центар смета дека програмските цели може да се усогласат, во интерес на граѓаните и на идниот развој на општината.

Шанса за Центар е на став дека без оглед на различните политички погледи, можеме да покажеме дека суштински разбираме што е граѓански и јавен интерес и дека можеме натпартиски да соработуваме.

Соработката мора да е врз основа на издржани решенија и добри пракси за надминување на проблемите на сите граѓани. Поделбите во нашето општество не придонесуваат за развој, квалитет, ниту пак за модернизација на процесите на управување. Центарот на главниот град кој заслужува да биде европска метропола, може да се развива само преку обединување на сите сили во полза на граѓанските интереси.

Слични содржини