301
Ќе бидеме отворена општина за сите. Граѓаните сакаат блискост и сакаат контакти со градоначалникот, советите и службите на општината, вети кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Центар, Горан Герасимовски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.
Тој најави дека граѓаните ќе добијат навремени одговори и дека во првите 100 денови ќе се види тоа на дело.
-Понатаму еден час во денот, како иден градоначалник ќе одвојам за граѓаните за да ги слушнам нивните потреби и проблеми. Детално сите проекти во мојата програма се нивни предлози и идеи, рече Герасимовски.