Герасимовски: Продолжуваат зачестените контроли на градилиштата – инвеститорите да градат согласно одобренијата

од Nikola Popovski

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, придружуван од општински служби, изврши увид на 5 градилишта во населбата Пролет и Дебар маало. Општина Центар продолжува со спроведување на зaчестени инспекциски контроли, со цел директен увид во изведувањето на градежните работи и почитување на законските прописи.

Герасимовски истакна дека заедно со општинските служби продолжуваат да вршат инспециски контроли со цел доколку е потребно да се изведе брза реакција за нелегалните и небезбедни градежни активности на градилиштата.

Целта на теренските контролите е почитување на законските прописи вклучувајќи го хуманото градење и безбедноста на граѓаните. На сите инвеститори кои градат во рамки на Општина Центар им порачувам да ги почитуваат законските процедури при изведување на градежните работи, да градат согласно одобренијата затоа што во спротивно секое отстапување ќе биде санкционирано, порача Герасимовски.

Слични содржини