Герасимовски синоќа на терен во Капиштец и Дебар Маало заедно со МВР: Акциите ќе продолжат

од Nikola Popovski
759 прегледи

Во текот на изминатата ноќ, Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со Началникот на СВР Сашо Топаловски и Директорот на ПОЦ Душко Коцевски, спроведоа заедничка акција на терен со цел подобрување на безбедноста и јавниот ред и мир.

Акцијата се спроведе на најфрекветните делови во Дебар Маало и Капиштец. Посебно внимание се посвети на зголемување на безбедноста, сообраќајниот метеж, непрописно паркираните возила, прекумерната бучава од локалите и јавниот ред и мир.

Градоначалникот Горан Герасимовски посочи дека проблемите со кои со соочува Општината и жителите на Дебар Маало и Капиштец мора да се решат.

,,Мирот, безбедноста и квалитетниот начин на живот на граѓаните се мојот приоритет. Акциите ќе продолжат и во наредниот период, со цел да ја подобриме состојбата во нашата Општина. Вечерва сме на терен во заедничка акција и постојано ќе излегуваме. Се надевам дека континуираните санкции за прекршување на законите ќе вродат со плод” изјави Герасимовски.

Општина Центар апелира до сите граѓани за поддршка и соработка затоа што поддршката е од клучно значење за успешноста на ваквите активности. Герасимовски е благодарен за поддршката на граѓаните поврзана со вандализираните детски игралишта и очекува силна соработка поврзана и со овие проблеми. Општина Центар и Герасимовски ја поддржа петицијата на граѓаните која ја поднесоа до МВР, Државниот пазарен инспекторат и останатите институции со цел да се реши проблемот со гласната музика, нарушениот ред и мир, дивеењето и отежнатиот сообраќај на делот од улицата каде се наоѓаат угостителските објекти.

Слични содржини