Герила акција: Елка со ѓубре на плоштадот „Македонија“

од Ивана Рамаданова
379 прегледи

Со елка украсена со ѓубре на плоштадот „Македонија“ во Скопје, младите активисти на Fridays For Future Skopje на плоштадот Македонија порачаа дека новогодишното пакетче кое најмногу го посакуваат е пакет мерки за животната средина.

„Сите тие пари фрлени на новогодишни атракции нема да го сменат фактот дека отпадот, аерозагадувањето и урбаниот хаос се главната декорација секоја празнична сезона со години наназад. Вистинската елка е онаа малата, која не ја гледаме, но тивко не убива со нејзините отровни лампиони“, порачаа сктивистите.

Велат дека протестираат против ваквиот однос и потенцираме дека можат да се најдат бесплатни украси, па китиме елка со лампиони на кои што пишува ПМ10, со пластични шишиња, со ѓубре, со шишиња од млеко, од јогурт за да го покажеме нашиот револт кон трошењето пари на доста непотребни работи, кога од друга страна можат да бидат потрошени на нешто што буквално ќе го зачува нашето здравје, што ќе ни даде живот.

Воедно, активистите делеа и флаери на минувачите за да ги запознаат за протестниот марш кој е закажан за следниот петок, на 20 декември од 17 часот со почеток од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Слични содржини