Герила акција во Битола: „Oстајте да помини фичото“

од Берта Китинска
249 прегледи

Со уметничка акција во Битола на креативен начин се предупредуваат граѓаните на неопходноста да се одржува физичко растојание, како придонес кон почитување на оваа мерка која е најефективното средство во борбата со епидемијата од ковид-19, информираат од организацијата Инфо акција.

Акцијата инспирацијата ја црпи од минатото кога требало да се остави доволно простор за да може да помине популарното фиќо. Просторот потребен за да помине едно фиќо е околу 2 метра, а тоа е препорачаното растојание за спречување на ширењето на КОВИД-19.

Слични содржини