147
Германски државјанин кој престојува во земјава бил фатен со одредено количество марихуана кај себе, информираат од МВР.
Според полицискиот билтен, на 12.02.2023 на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода Д.П.(32) од Сојузна Република Германија, со времен престој во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснуваат од полицијата.