Германија има намера да и испрати на Украина дополнителни 12 милијарди евра воена поддршка

од Vladimir Zorba

Германската влада се согласи да испрати дополнителни вкупно 12 милијарди евра воена поддршка за Украина до 2032 година, откако буџетската комисија на Бундестагот денеска даде „зелено светло“ за небуџетските трошоци што ги побараа министерствата за одбрана и за надворешни работи.

Таа дополнителна помош за Украина вклучува 3,2 милијарди евра, кои ќе бидат исплатени во 2023 година, како и кредитни линии за периодот меѓу 2024 и 2032 година во износ од околу 8,8 милијарди евра, објави Ројтерс.

„Со тие пари Украина може директно да купи оружје со поддршка на германската влада“, се вели во соопштението на тројца политичари кои ја претставуваат коалициската влада.

Слични содржини