Германија се поблиску до радикално ограничување на брзината во градовите

од Vladimir Zorba

Иницијативата за ограничување на брзината на 30 km/h во центрите на градовите, кооснована од градовите Аугсбург, Улм и Фрајбург, наоѓа се повеќе поддржувачи.

Во просек, една општина се приклучува на проектот секој работен ден, вели претставникот на иницијативата „Градови за живеење“, пренесува Sueddeutsche Zeitung. Вкупно, повеќе од 350 градови, општини и области се приклучија, според „ХАК“.

Општините сакаат сами да одлучат кои брзини се дозволени во населените места. Тие се жалат дека до сега немало волја во Сојузното министерство за транспорт во Берлин сериозно да се справи со овие проблеми. Според здружението, тоа треба да се промени годинава преку поголем притисок од јавноста.

Неодамна, Федералната агенција за животна средина препорача воведување на ограничување на брзината од 30 km/h низ цела Германија, односно во центрите на градовите и населбите. Идејата е да се намали бучавата и загадувањето на животната средина.

Слични содржини