497
Германскиот Биндестаг денеска треба да расправа и да гласа за резолуција за поддршка на зачленувањето на Македонија во ЕУ. Со резолуцијата се очекува да се реафирмираат македонскиот идентитет, јазик и култура на патот на земјата кон Европската Унија.
Резолуцијата насловена „Активно поддржете ја Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“, е предложена од владејачката парламентарна група на СПД, Зелените и ФДП.