Македонската фудбалска репрезентација ги доби противниците во квалификациската група за пласман на Светското фудбалско првенство во Катар 2022.
Ќе играме во групата Ј против Германија, Романија, Исланд, Ерменија и против Лихтенштајн.
Само првопласираните од групите одат директно на Светското првенство. Второпласираните заедно со уште две селекции од Лигата на нации ќе играат баражи за пласман на уште три селекции на Мундијалот.
Европа таму ќе има вкупно 13 учесници.