Германија ги олеснува мерките: Меркел предупредува дека вирусот не е исчезнат

од Stefanija Kuzmanovska

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика граѓаните да продолжат да постапуваат одговорно и претпазливо, иако денес беа воведени ублажени мерки поради пандемијата на коронавирус.

За прв пат по неколку месеци, кафулињата и рестораните ги отворија градините за посетителите, но со негативен тест на коронавирусот или потврда за вакцинација.

– Се надевам дека по долгото затворање, луѓето многу одговорно ќе ги прифатат можностите што сега им се нудат. Вирусот не исчезна – им рече таа на новинарите во Берлин.

Меркел рече дека носењето маски и почитувањето на социјалното растојание остануваат клучни, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини