Германија ги смета за “глупави” тврдењата на Атина за репарации

од desk3
111 прегледи

Откако грчкиот заменик-министер за финансии пресмета дека Германија должи на неговата земја во близина 279 милијарди евра репарации за окупацијата во Втората светска војна, Берлин фи отфрли тврдењата како глупави. Тензиите меѓу финансиски подјармената Грција и најголемиот нејзин кредитор ескалираа по изјавата на заменик-министерот Димитрис Мардас, дадена во понеделникот.

zx450y250_2507887
Сега германскиот министер за економија и заменик-канцелар Зигмар Габриел ги утврди претензиите на Атина како “глупави”, објави агенцијата “Ројтерс”. Според него Грција има интерес да ги поврзе барања за репарации со обидите да предоговори спасувачкиот план со партнерите од еврозоната.

“И тоа нема никаква врска со Втората светска војна или репарациите”, изјави Габриел.

Германија тврди дека ги уредила репарациите кон Грција со повоен договор, но голем број грчки влади веќе со години повикуваат земјата да плати за нанесените штети за време на нацистичката окупација .

Претходно денеска грчкиот министер за одбрана Панос Каменос рече дека земјата се здобила со “шокантни докази” за поддршка на претензиите кон Берлин. Според него Грција добила документи, чувани од американската армија, кои ја ревидираат големината на штетата нанесена на приватниот и државниот имот за време на нацистичката окупација.