Германија: Итно испраќаме уште 64 ракети „Патриот“ во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Германија „веднаш“ ќе му достави на Киев уште 64 ракети за противвоздушна одбрана „Патриот“, најави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус на вториот ден од состанокот на НАТО во Брисел.

Минатиот месец Германија објави пакет помош во вредност од речиси 3 милијарди долари за зајакнување на одбраната на Украина, најголемото ветување на Берлин за воена помош од почетокот на војната.

„Тоа е важна поддршка за напорите на украинските вооружени сили“

Писториус рече дека одлуката е „многу важен знак за поддршка за успешните напори на украинските вооружени сили да обезбедат воздушна одбрана, особено сега во оваа конкретна фаза од војната“.

Соопштението доаѓа откако Киев објави дека одбил „масивен, комбиниран воздушен напад“ од Русија.

Слични содржини