Германија нѐ „потопи“ и се одмазди за поразот во Дуизбург

од Nikola Popovski
489 прегледи

Германската фудбалска репрезентација е првата од европските селекции што обезбеди пласман на Светското првенство во Катар 2022 година со победата од 4:0 во Скопје против македонската репрезентација.

Избраниците на Боби Милевски се држеа солидно во првото полувреме и успеаа да одолеат на германското темпо на игра, а на моменти беа и рамноправен противник.

Сепак, екипата на Ханси Флик дојде до убедлив триумф во второто полувреме.

Каи Хаверц ја погоди мрежата на Столе Димитриевски во 50. минута. Потоа, два гола, во 70. и 73. минута, врза Тимо Вернер, а за конечни 4: 0, се погрижи 18-годишниот Џамал Мусиала.

Германците со оваа победа ни се одмаздија за неочекуваниот пораз на првиот дуел во Дуизбург, кога ги победивме со 1-2.

Со оваа победа, тие го обезбедија првото место во групата Ј со 21 бод, додека Македонија остана на 12 бода и се уште е во игра за второто место кое води во баражот за СП.

Слични содржини