Воени токсиколози утврдија дека рускиот блогер и опозиционер Алексеј Навални е отруен со супстанца од групата „новичок“, тврди германската влада.

На иницијатива на болницата „Шарите“, специјализираната лабораторија на Бундесверот спровела токсиколошки анализи користејќи примероци добиени од Алексеј Навални. На тој начин биле дадени недвосмислени докази за присуство на отровен хемиски нервен агенс од групата „новичок“, изјави портпаролот на германската влада Стивен Зајберт.

Тој посочил дека германската канцеларка Ангела Меркел денес одржала состанок со министрите и дека биле договорени следните чекорите поради новите податоци.

„Германската влада најостро го осудува овој напад“, рекол Зајберт, додавајќи дека германското „Министерство за надворешни работи ќе го информира рускиот амбасадор за резултатите од анализата (на Навални)“.

Навални, на кого му се слошило во авион на летот од Томск кон Москва, моментално се лекува на клиниката „Шарите“ во Берлин, чии лекари првично дијагностицирале дека неговата состојба е труење со супстанца од групата инхибитори на холинестеразата. Специфичната отровна супстанца, според најавата, сè уште не е позната. Како што изјавил за медиумите, раководителот на одделот за анестезиологија и реанимација на Националниот медицински центар „Пирогов“, Борис Теплих, руските специјалисти веднаш ја проучувале верзијата на германските лекари и не ја потврдиле. Според него, тие зборуваат за клиничките податоци, а не за самата супстанца, која сè уште не е откриена.

Слични содржини