Германија “оком”, Турција “скоком”: Нема смртна казна за превратџиите!

од desk3
78 прегледи

Смртната казна не може да биде применетa на случаите за обидот за преврат, бидејќи законот нема да важи ретроактивно, изјави премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, пренесува РИА Новости.

0920335001477137554_572396_292x224

“Примената на смртната казна е прашање на устав, прашање на консензус. Ако другите партии го постигнат, ќе може оваа мерка да се применува во ограничени случаи при пријавување на јавното мислење. Ова прашање има стекнато популарност по обидот за преврат од 15 јули. Граѓаните не сакаат криминалците да останат неказнети и ние нема да ги затвориме очите за тоа “, истакнаЈилдирим.

Темата за смртната казна во Турција беше обновена во последните денови откако премиерот Ердоган увери дека мерката ќе стане факт по гласањето во парламентот. Меѓународните партнери на Турција реагираа веднаш со остри обвинувања кон режимот во Анкара. Советот на Европа, како и Европската унија, во лицето на Германија, уверија Турција дека членството во двете организации е некомпатибилно со дејството на смртната казна.

Доколку Турција воведе смртна казна, тоа ќе доведе до прекин на преговорите за членство на земјата во ЕУ, изјави вечра портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт.
– Нашата позиција по тоа прашање е јасна: земја која применува смртна казна не може да биде членка на ЕУ и тоа би значело крај на преговорите, истакна Зајберт.erdogan_and_angela-large_trans-zgekzx3m936n5bqk4va8rwtt0gk_6efzt336f62ei5u

Прашањето за повторно воведување на смртна казна во Турција е покренато по неуспешниот обид за воен преврат во јули оваа година. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повеќе пати напоменуваше дека предлог-законот за смртна казна може да биде ставен на разгледување од Парламентот, но не нагласи кога може тоа да се случи.

– Властите во Германија уште еднаш изразија загриженост во врска со мерките против новинари во Турција, изјави германскиот портпарол, коментирајќи го апсењето на главниот уредник на весникот „Џумхуриет“ Мурат Сабунџу.

Тој додаде дека „слободата на медиумите за Германија претставува главен услов за секоја демократска држава“.