Уделот на луѓето со средни приходи се намалува.

И во Германија и во САД луѓето со средни приходи осиромашуваат. Најголемото имотно разслојување се забележува меѓу младите и мигрантите, покажа анализата на Германскиот институт за економски истражувања / DIW /. Средната класа е основата на современото западно општество, но и во Америка, и во Федералната република нејзиниот удел во структурата на населението се намалува. Научниците одамна го набљудуваат овој феномен, но сега експертите од DIW ги споредија особеностите на имотните раслојувања во САД и СРГ. Уделот на луѓето со средни приходи се стеснува Најголемото откритие, кое го направиле научниците од DIW, се состои во тоа што намалувањето на средната класа во последните децении во двете најголеми економии од двете страни на Атлантикот оди паралелно и со исти темпо, а по 2000 година тоа се забрзува.
Во исто време демографската ситуација во двете земји е различна: во САД рапидно расте бројот на возрасната популација , во голема мера благодарение на миграцијата , во Германија – побавно . Научницитеја сметаат средната класа не како комплексно социјална појава, туку како група со одредено ниво на приходи. Во основата на пресметките е земен приходот пред даноците и социјалните придонеси, но се е разгледува не средноаритметичкиот број, туку тошно на половина . Авторите на студијата ги присоединуваат кон примателите на среден приход сите кои имаат од 67% до 200% од средината. На пример, ако во Америка групата на луѓето со среден доход во 1971 година вклучувала 61% од возрасната популација, тогаш две децении подоцна нивниот број бил 56%, а во 2015 година – само 50%. Во обединета Германија во 1991 година 60% располагале со средни приходи, а во 2013 година – 54%.

Тука, сепак, треба да се земе предвид дека во истражувањето одделно се наведува долната средна и повисоката средна класа. Во Америка уделот на овие две групи за последниот четврт век не се променил, а во Германија тие се зголемени незначително, така што вкупната количина на средната класа не се намали толку силно, како може да ни се чини на прв поглед.
Возрасната група 30 – 44-годишните: или погоре, или подолу
Сепак, раслојување на општеството продолжува. Во САД поларизацијата е посветло изразена отколку во СРГ. Така на пример, во Америка уделот на примателите на висок приход / највисокиот класа / се зголеми од 5% на 9%, а во Германија – од 2 на 4%. Истовремено со тоа процентот на луѓето со ниски приходи се зголеми меѓу Американците од 18% на 20%, а меѓу Германците – од 20% на 21%. Овие бројки не можат да бидат протолкувани како осиромашување на средната класа, но трендот за зголемување на нејзиниот најголем сиромашен слој е факт. Научниците од DIW анализирале кои возрасни категории најчесто ја напуштаат средната класа и во која насока. И во САД, и во СРГ процентот на луѓето со средни приходи сериозно се намалува во возрасната група од 30 до 44 години. Во денешно време токму на оваа возраст луѓето најчесто прават кариера, се издигаат во горниот дел на средната класа или директно во високата класа, или сериозно ја влошуваат својата материјална положба.
Во исто време младите луѓе на возраст од 18 до 29 години и во САД, и во СРГ потешко можат да се подигнат во средната класа и да останат таму. А луѓето над 65 години, токму спротивното, се почесто успеваат да ги задржат достигнатото текот на годините животен стандард. Пензионерите се единствената возрасна група и од двете страни на Атлантикот, каде процентот на луѓето со среден приход се зголемува значително. Во Германија од 35% во почетокот на векот до 41% во 2013 година Миграцијата зголемува осиромашување на средната класа Заедно со младите друга голема категорија која најчесто го пополнува долниот слој на средната класа, се мигрантите. Според истражувањето на DIW, во 1991 година 70% од оние кои живеат во Германија странци / лица родени во друга земја / припаѓале на средната класа, 7% имале високи примања, 23% – пониски.
Германија усвои над 1 милион. Мигранти во 2015 година
Во 2013 година процентот на претставниците на средната класа меѓу мигрантите се намалил до 55%, процентот на луѓето со висок приход се зголеми минимално до 8%, а сиромашните се веќе 37%. Тука не мала улога одиграл и факторот квалитет : нивоата на образование и квалификација на многу мигранти се покажаа недоволно високи, за добивање на добро платена работа. Американската статистика, за разлика од германската го зема предвид етничкото потекло. Најголемиот удел на нископлатените паѓа токму на мигрантите од Латинска Америка и афроамериканците, забележува истражувањето на DIW.